Капитенот на Милан „згрми“ по поразот од ПСЖ: Секој кој не верува во тимот нека остане дома!

Милан вчера загуби од ПСЖ со 3-0 во 3. коло во Лигата на шампионите, и така со два освоени бодови остана на последното место на табелата. Разврската во групата ќе биде драматична, и сите екипи до крај ќе се борат за првите две места како и за третата позиција која го продолжува престојот во Лигата на Европа.

Давиде Калабрија, капитенот на Милан, влеезе во игра во вториот дел. После натпреварот упати многу критики кон соиграчите.

„Секој кој не верува во тимот, нека остане дома. Ако сакаме да продолжиме понатаму, мораме да ги засукаме ракавите. Секој ден во нашата база ги поминуваме „еб**те денови на тренинзи“ за да може да играме добро на вакви мечеви“, рече Калабрија.

Со ова изјава не се согласува тренерот Пиоли.

„Давидe не беше во право со она кое го зборуваше. Нема играч на Милан кој не е фокусиран. Понекогаш се случува по пораз да се реагира претерано поради емоции, односно човек да каже работи кои не ги мисли“, рече Пиоли.

Се вчитува...