Капитенот на Нирнберг на соиграчите им забрани секс

Фудбалерите на Нирнберг ги очекуваат три натпревари за шест дена, а капитенот Хано Бехренс воведе „специјални мерки“.

Нирнберг синоќа во во Купот на Германија против Ханса одиграа 120 минути и тимот е многу исцрпен, а и деновиве им претстои уште и згуснат распоред. Бехренс смета дека мора да се преземат радикални мерки бидејќи во сабота ги очекува дуелот со Ауксбург.

Сите ќе мора добро да се наспијат, добро да јадат и да се одморат. И да ги остават сопругите и девојките на мир неколку дена. Само така ќе може во сабота да им се спротивставиме на Баварците“ – изјави капитенот на тимот кој сезонава се бори за опстанок во Бундеслигата.

Се вчитува...