Капитенот на Осасуна, Давид Гарсија не ја криеше својата лутина по синоќешниот пораз на неговиот тим со 0-2 од Барселона во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија кое се одигра во Ријад.
Барса долго се мачеше да го скрши отпорот на Осасуна, па со два гола во последниот половина час успеа да дојде до победата и до финале против Реал Мадрид. Но, играчите на Осасуна и тоа како се бесни по мечот нагласувајќи дека се украдени.
Посебно е контроверзна ситуацијата пред првиот гол на Роберт Левандовски затоа што на почетокот од таа акција, се чини имаше прекршок врз фудбалер на Осасуна, но главнот судија не реагираше.
Давид Гарсија е убеден дека се работи за завера, и дека останатите клубови немаат рамноправна позиција во мечевите со Барселона и со Реал Мадрид.
„Имаше тука многу ситуации, и сите беа во корист на Барселона. Сите тоа го видовме. Имаше прекршок и пред голот, се виде тоа. Невозможно е да се борите против овие нешта. Кога видовме што се случува на терен требаше одма да напуштиме и да си одиме дома. Суперкупот постои за да играат само Барселона и Реал, а ние останатите тука сме само ‘ради-реда’“ – истакна Гарсија, кој е и шпански репрезентативец.
Ова е само продолжување на притисокот кон најголемите шпански клубови кои често се вплеткани во разни скандали. Барселона неодамна беше обвинета дека го подмитува и претседателот на судиската комисија во Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

