Капитенот на Работник, Игор Трајковски, го очекува долга пауза од терените по денешната операција на лигаментите на коленото. Трајковски се повреди уште пред извесно време, за денеска врз него да биде извршен хируршки зафат.
Како што информираат од битолскиот суперлигаш, се предвидува долг период на рехабилитација, со надеж дека Трајковски ќе успее да се врати на теерените во текот на новата сезона.
Работник оствари одличен резултат освојувајќи го третото место во ракометниот плејоф, по што оваа екипа втора година по ред ќе го претставува мак-ракометот во европските купови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА