Капитенот на Романија казнет од својот селектор поради нередите со Косово

УЕФА одлучи да стави точка на прекинатиот натпревар од Лигата на нации меѓу Романија и Косово. Романците го добија натпреварот со службен резултат, но се извлекоа со парична казна од над 120.000 евра. Сепак, еден романски играч добро ќе го памети овој дуел.

Кога натпреварот беше прекинат, имаше одредени искри на теренот, а сега највисока цена ќе плати романскиот офанзивец Денис Алибек. Имено, Алибек влегол во физички конфликт со Амир Рахмани и во еден момент го фатил за врат косовскиот капитен.

Тоа воопшто не му се допадна на селекторот на Романија, Мирчеа Луческу, кој се одлучи да го казни својот капитен. 

„Алибек требаше да знае дека мораше да остане смирен кога некој друг ќе го зграпчи“, изјави Луческу.

Се вчитува...