Капитенот на Русија одби да игра додека има војна во Украина

Капитенот на фудбалската репрезентација на Русија, Артим Ѕјуба нема да игра за националниот тим додека трае војната во Украина. Селекторот на руската репрезентација, Валериј Карпин потврди дека Ѕјуба ќе отсуства во текот на собирот на репрезентацијата за мартовскиот тренинг камп.

Русите и покрај тоа што се суспендирани од Светската и европската фудбалска федерација сепак ќе имаат тренинг камп кој ќе почне на 21. март.

„Во недела разговарав со Артим телефонски, тој не увери дека сака да игра за репрезенацијата, но сега поради тешката ситуација во Украина каде има многу роднини се извини и не замоли поради семејни причини да не го повикаме на овој собир“, изјави селекторот Карпин. 

Покрај Ѕјуба на овој собир нема да се појави уште еден фудбалер на Зенит, Вјачеслав Караваев.

Се вчитува...