Капитенот на Севилја, Висенте Ибора, ја напушта Шпанија и се сели во Премиер – лигата, каде ќе потпише договор со премиерлигашот Лестер. Деталите се веќе договорени и останува Ибора да ги мине медицинските прегледи пред да се обврзе на верност кон новиот клуб.
Лестер на Севилја за трансферот на Висенте Ибора ќе и плати 14 милиони евра, плус дополнителни бонуси во зависност со идните успеси доколку овој фудбалер е во тимот на „лисиците“.
Тој од 2013 година го носеше дресот на Севилја, трипати ја освои Лигата на Европа со клубот, и постигна 30 гола на вкупно 170 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА