Капитенот на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ кажа дека е одлична вест што нема да се смени селекторот Драган Стојковиќ – Пикси од клупата на Србите, и покрај неуспехот на селекцијата на Мундијалот во Катар, кој не успеа да ја мине групата.
Тадиќ ја оцени Србија на средината на скала од еден до пет, и кажа дека дефанзивата била проблем за селекцијата во Катар.
„Во однос на прикажаното, мислам дека би можел да ја ставам репрезентацијата некаде на средина на скала од еден до пет. Дефинитивно во Катар ни недостасуваше подобро да се браниме. Нормално, тука не мислам само на одбранбените играчи, туку исто така и ние напаѓачите и играчите од средниот ред. Тоа мораме да го поправиме“, рече Тадиќ.
Тој смета дека ова е првпат после едно големо натпреварување, Србија да не го смени селекторот и тоа за Тадиќ е одлична вест.
„Мислам дека тоа ќе биде првпат после долго време дека ќе остане истиот селектор после некое големо натпреварување и тоа е одлично за екипата“, изјави Тадиќ кој кажа дека победникот на Мундијалот треба да се бара меѓу селекциите на Франција и на Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА