Капитенот на турската ракометна репрезентација и неговиот син загинаа во урнатините предизвикани од земјотресот

Капитенот на турската ракометна репрезентација Џемал Кутахја и неговиот син Кјуаниар загинаа како последица на разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните региони на Турција, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник јужните делови на Турција со епицентар во Караманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

„Со длабока тага ја дознавме веста за смртта на нашиот драг Џемал Кутахја, капитенот на нашата машка ракометна репрезентација и неговиот син Куаинар, кои беа закопани под урнатините на куќата во која живееја во Антакија. соопшти Турската ракометна федерација (ТХФ).

Изразувајќи го своето сочувство до семејството Кутахја, од Турската федерација изјавија дека ќе направат се за неговото име и придонес во спортот никогаш да не бидат заборавени. Кутахја беше дел од репрезентацијата на Турција во квалификацискиот меч против Македонија, кој нашата репрезентација го доби со убедливи 27-36. Македонија против Турција треба да одигра уште еден меч на 30. април во Скопје.

Се вчитува...