Капитенот не мрда од „Метрополитано“

Атлетико Мадрид и капитенот Кокe ја продолжија соработката која трае повеќе од две децении потпишувајќи нов договор со важност до крајот на сезоната во 2026 година.

Коке потекнува од младинската школа на Атлетико Мадрид и целата своја кариера ја помина во овој клуб. Дебито во сениорскиот дрес го имаше во 2009 година, а оттогаш настапи на 681 натпревар со што е апсолутен рекордер.

 

Се вчитува...