Капитенот останува на „Енфилд“: Ван Дајк стана најплатениот стопер во Европа

Вирџил ван Дајк и во следните две години ќе го носи дресот на Ливерпул откако денеска официјално ја продолжи соработката со премиерлигашот која трае од 2018 година.

Холанѓанецот со новиот договор ќе биде и најплатениот стопер во Европа со заработка од 466 илјади евра на неделно ниво.

„Многу сум среќен, многу сум горд. Проживувам многу емоции. Чувствувам гордост и радост. Патувањето кое го имав до сега во кариерата, да можам да го продолжам и за следните две години во овој клуб е неверојатно и поради тоа сум многу среќен. Мојот план отсегакош беше да останам во Ливерпул. Некој неодмана ми кажа дека сум посвоен Скаусер (човек кој е со потекло од Ливерпул), многу сум горд кога ќе слушнам такви работи“, изјави Ван Дајк.

Ван Дајк досега настапи на 314 натпревари за Ливерпул и постигна 27 голови. Со клубот ја освои Премиерлигата, Лигата на Шампионите, УЕФА Суперкупот, ФА Купот и две титули во Лига Купот.

Се вчитува...