Капитенот останува верен: Азпиликуета уште две сезони во Челси

Цезар Азпиликуета и во следните две сезони ќе го носи дресот на Челси, пренесуваат англиските медиуми. Искусниот шпански одбранбен играч ова лето беше поврзуван со премин во Барселона, но ќе остане дел од тимот чиј дрес го носи од 2012 година.

Триесетидвегодишникот во текот на годините се наметна како незаменлив дел од тимот, веќе неколку сезони настапува и со капитенската лента на раката, а ќе продолжи и во иднина со цел да донесе стабилност во соблекувалната во моментите кога тимот се мачи по смена на раководството.

Азпиликуета за Челси одигра 474 натпревари, постигна 17 гола и забележа 55 асистенции. Во „синиот“ дрес освои речиси се што можеше да се освои. Два пати ја крваше титулата во Премиерлигата, по еднаш во Купот и Лига Купот, а му помогна на тимот да стигне и до титула во Лигата на Шампионите и два пати во Лига Европа.

Се вчитува...