Македонските фудбалери долго во ноќта го славеа историскиот триумф во Палермо, што ја одведе нашата репрезентација на само еден чекор до сонот наречен мундијал Катар 2022.
Стефан Ристовски одигра капитенски, водејќи ја селекцијата во овој историски меч, а по дуелот триумфот го посвети на целата држава.
„Емоција + страст = Македонија… Емоција која не се опишува, радувај се моја мила Македонија“, објави Ристовски на својот инстаграм-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА