Челси направи уште еден голем кикс во сезоната губејќи на домашен терен од Саутемптон во 24. коло од Премиерлигата. Ситуацијата во редовите на „сините“ воопшто не е добра, навивачите од натпревар во натпревар се се погневни, а дополнително ги испровоцира и последниот потег на новите засилувања.
Имено, при крајот на натпреварот Цезар Азпиликуета се најде на тревата откако доби удар со нога во главата, а додека Матео Ковачиќ и лекарската служба се обидуваа да му помогнат на капитенот, Михајло Мудрик и Жоао Феликс беа фатени во кадар како меѓусебно си додаваат.
За истото добија лавина на критики на социјалните мрежи каде ги опишаа како „циркузанти“.
Azpilicueta was on point of death as medical were attending to him, see what Mudryk and Joao Felix were doing ?
So funny, fr pic.twitter.com/Vqg0PWk8bF
— FOOTY HUB (@Footyhub01) February 19, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

