Раководството на Работник продолжува со активните преговори за екипирање на тимот за новата сезона. Откако вчера беше официјализиран трансферот на Гоце Ојлевски, како и пристигнувањето на голманот Ивановски и новиот договор со младинскиот репрезентативец Крстевски, од Битола денеска пристига информацијата за потпишан нов договор со капитенот Игор Трајковски.
Капитенот на Еурофарм Работник ќе ја предводи екипата и во новата сезона во Суперлигата и во Челинџ Купот. Трајковски е еден од ракометарите кои играа и во Првата лига и го промовираа клубот во суперлигаш. По заминувањето на Ашраф Адли во Франција, во овој момент Трајковски е единствен кружен напаѓач во клубот, но управата предвиде уште едно засилување на таа позиција.
Со овој потег продолжува зацврстувањето на структурата на екипата на Андон Бошковски која играше во финалето на Купот во сезоната која заврши на крајот од минатиот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА