Тодор Златев и во новата сезона ќе биде дел од Тиквеш каде ја носи капитенската лента, објави македонскиот кошаркарски прволигаш.
Поранешниот македонски младински репрезентативец целата своја кариера настапува за кавадаречкиот тим. Претходната сезона му беше најдобра во кариерата бележејќи просек од 7.7 поени, 6.6 скокови и 2.5 асистенции на 19 одиграни средби.
Во сезоната 24/25 особено се истакна на средбата против Вардар бележејќи далб-дабл од 20 поени и 15 скокови за индекс на корисност од 31.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

