Екипата на Карабах, која во претходното коло го елиминираше македонскиот првак Шкендија, е многу блиску да се пласира во групната фаза во Лигата на шампионите, откако се стекна со огромна предност од 1-3 на гостувањето во Будимпешта кај Ференцварош.
И покрај тоа што имаа негатива по првиот дел, сепак, тимот од Азербејџан успеа да направи целосен пресврт во второто полувреме. Варга ги донесе Унгарците во предност, а Јанковиќ во 50. минута успеа да израмни.
Медина во 67. минута донесе пресврт, додека Курбанли во 85. минута го однесе тимот на Гурбанов на два разлика.
Со истиот резултат и тимот на Бриж славеше на гостувањето во Шкотска, кај Глазгов Ренџерс. Бликригот на Белгијците за само 17 минути ги однесе на 0-3. Верман во третата, Спилерс во седмата и Мехеле во 20. минута се погрижија за предност од 0-3 за гостите.
Во вториот дел Данило Переира успеа да намали во 50. минута, но не и да избегне пораз тимот на Ренџерс кој сега е во многу незавидна ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

