Фудбалскиот шампион на Македонија има негатива од 0-1 на домашен терен против азербејџанскиот Карабах во првиот натпревар од двомечот во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Гостите до водство стигнаа откако прецизно стрелаше од пенал Бајрамов во 18. минута. Роналдо Вебстер лошо реагираше во сопствениот шеснаесетник, по што по прегледување на ВАР главниот судија досуди пенал за Карабах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

