Екипата на Карабах испиша историја откако вторпат успеа да обезбеди пласман во Лигата на Шампионите, минувајќи го и унгарски Ференцварош како последен чекор до овој голем успех, прв по сезоната 2018/19 кога азербејџанскиот првак дебитираше во елитното европско натпреварување.
Откако во минатата рунда ја елиминираа Шкендија, фудбалерите на Карабах клучната работа против Ференцварош ја завршија на првиот меч во Будимпешта, каде пок голема борба како гости славеа со 1-3. Унгарците возвратија и вечерва победија со 2-3 во Азербејџан, недоволно за целосен камбек, па фудбалерите на Карабах пред преполната арена го прославија големиот успех.
Џозеф го доведе Ференцварош во водство во 12. минута, но Карабах собра сили и до крајот на полувреме направи пресврт и поведе со 2-1. Ференцварош тргна во тотална офанзива, успеа да поведе со 2-3, што сепак беше недоволно за избраниците на Роби Кин да ја надополнат преголемата негатива од првиот меч, па Унгарците ќе мора да се задоволат само со учество во Лигата на Европа оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

