Никола Карабатиќ е добитник на МВП признанието за најкорисен ракометар на Светското Првенство што вечерва заврши во Париз. Францускиот ас играше на високо ниво во текот на целиот мундијал, за вечерва во големото финале да ја предводи Франција, со шест гола како најдобар стрелец, до нова светска титула.
Кире Лазаров е најдобар стрелец на овој светски шампионат, но за македонскиот капитен немаше место во дрим-тимот на мундијалот откако за најдобар десен бек беше избран Ремили од Франција. Интересно, во дрим-тимот има повеќе Норвежани (тројца) отколку Французи (двајца), на кои друштво им прави шведското крило Џери Толбринг, како и Домагој Дувњак, чие вклучување во овој идеален состав е изненадување поради потпросечниот настап на клучните натпревари на хрватскиот национален тим.
ДРИМ-ТИМ НА СП 2017
Голман: Винсен Жерар (Франција)
Лево крило: Џери Толбринг (Шведска)
Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)
Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)
Десен бек: Недим Ремили (Франција)
Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Норвешка)
Пивот: Бјарте Мирхол (Норвешка)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА