Победата не им беше неопходна на француските ракометари, но „триколорите“ одиграа извонредно против Хрватска, елиминирајќи го домаќинот на овој европски шампионат. Никола Карабатиќ, кој одигра одлично во првиот дел, но потоа ја пропушти завршницата, изрази жалење што „коцкестите“ не ја искористија предноста на домашниот терен.
„Искрено, многу ми е жал за Хрватите. Знам како е да играш едно големо натпреварување на домашен терен, особено ми е тешко за Хрватска бидејќи видов колку се бореа, колку ја посакуваа победата. Тоа е спортот, ние дадовме се од себе иако победата не ни беше неопходна. Одиме понатаму, се уште не сме загубиле натпревар, во форма сме, се надевам дека ќе продолжиме во ист стил до крајот на овој шампионат“ – изјави Карабатиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА