Француските „експерти“ пред Европското првенство во Хрватска се претставија и во едно поинакво елегантно издание. Во кошули и одела и по некоја вратоврска, тука и таму.
Како и сите спортисти и на актуелните светски шампиони, многу поудобни им се тренерките и патиките. Но, понекогаш на кратко, мора да се „стегнат“ и во одело.
А вратоврската е веќе вистински проблем. Дури и за Никола Карабатиќ. „Експерт“ е за голови, ама со вратоврската мака мачи.
Иако внимателно ја следи постапката на телефонот, најдобриот ракометар во светот, вратоврската никако не успеа да ја врзе. А, моментот со маките на Карабатиќ беше „фатен“ и споделен на официјалниот Фејсбук профил на селекторот Дидие Динард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА