Никола Карабатиќ е секако еден од клучните ракометари на кои ПСЖ се потпира во желбата за трофејот сезонава во Лигата на шампионите.
Но, Карабатиќ на средбата со медиумите во „Радисон Блу“ хотелот во Келн потенцираше дека премногу рано е сега да се размислува сега за титулата затоа што најпрво треба да се мине пречката наречена Нант.
„Нант воопшто не е наивен противник. Ние мора да мислиме најпрво на таа пречка, пред да размислуваме за трофејот. Нант во своите редови го има и Лазаров кој е одличен ракометар, и кој може да ни создава многу проблеми. Но, се надевам дека ќе се пласираме во финалето“ – рече Карабатиќ, кој кога е во прашање фаворитската улога за освојување на годинашната Лига на шампиони вели:
„ПСЖ е фаворит, но секако тука е и Вардар кој и оваа сезона игра одлично како и минатата!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА