Карабатиќ: Немав што да загубам, знаев дека има малку време…

Ракометна Франција го слави Лука Карабатиќ откако искусниот пивот беше херој во завршницата од синоќешното четвртфинале против селекцијата на Египет.

„Фараоните“ дадоа гол за израмнување на три секунди до крајот, но Французите експресно тргнаа, па Карабатиќ од центар погоди користејќи го фактот дека Хендави се уште се немаше вратено на голот по играта „седум на шест“ на неговата селекција.

Македонските судии Начевски и Николов ја погледнаа ситуацијата на ВАР и откако беше утврдено дека топката влегла зад гол-линијата на 0,3 секунди до крајот, голот беше признаен и Франција се пласираше во полуфиналето.

„Знаев дека имаме уште околу три секунди. Немаше многу време, но бев свесен дека немам што да загубам, можеме само многу да добиеме. Дебоне ми ја фрли топката, јас ја шутнав и таа заврши во мрежата… Секако дека сме пресреќни, горди на оваа победа бидејќи игравме со исклучително тежок ривал, но успеавме да најдеме начин да победиме“, изјави Лука Карабатиќ.

Се вчитува...