Карабатиќ: Ова злато не го освоив за децата и семејството, го освоив за себе

Големиот ракометен Ас, Никола Карабатиќ го одигра последниот натпревар на Европското првенство. 40-годишникот го завршува настапот на европската реперзентативна сцена со злато околку вратот откако ја предводеше Франција до триумф против Данска во големото финале на собирот на најдобрите ракометни репрезентации од „стартиот континент“.

За Карабатиќ и Франција тоа беше четвртти златен медал на Европското првенство.

„Можам на децата да им раскажувам за тоа што се случуваше. Целото семејство ми беше на трибините и навистина ми е мило што ќе можеме заедно да прославиме. Многу убаво чувство.

Тоа што тие се тука е посебен мотив за мене, тие ми даваат посебна енергија. Но, овој турнир не го играв за децата, не го играв за семејството, не го играв ни за публиката, туку го играв за себе. Знам дека ова ми е последна сезона и тоа ми даде дополнителна енергија. Пресреќен сум што го освоивме златото. Покажавме и играчки и ментален квалитет“, изјави Карабатиќ за „Бакан хендбол“.

Се вчитува...