Карабатиќ: Сакав да завршам со медал на моите гради, но изгледа ги имам доволно

Несреќниот пораз на Франција од Германија во четвртфиналето од ОИ во Париз значеше и крај на кариерата на Никола Карабатиќ, легендата што за многумина важи и за најдобар светски ракометар на сите времиња.

Еден ден по мечот Карабатиќ даде изјава во која вели дека во ист момент е и тажен и среќен.

„Малку е нереално да се загуби така, во ова сценарио, кога имаме натпревар во рака. Еден посто беше шанса Германија да се врати и успеаја во тоа.  Во исто време, на ЕП го доживеавме спротивното сценарио. Затоа нема што да се жали. Сурово е, затоа што дадовме сè во овој натпревар и имавме се во наши раце, а особено во таква атмосфера, со овие илјадници луѓе… Сите тие Французи не туркаа напред и создадоа неверојатна атмосфера. Јас сум разочаран, но во исто време, немам право да бидам тажен. Тажен сум, но и среќе па затоа е многу чудно. Сакав да завршам со медал на моите гради, но очигледно имам доволно освоено…“, изјави Карабатиќ.

Се вчитува...