ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Настапот на Македонија е топ тема на ЕП во Хрватска, а честитките за Раул Гонзалес и за макеоднските ракометари не изостанаа ни од вардарците во репрезентацијата на Хрватска. Игор Карачиќ посебно имаше пофалби са селекторот Раул Гозналес, и на Македонија и посака полуфинале.
„Не ме изненадува воопшто играта на македонската репрезентација. Со тренер како Раул Гонзалес тоа можеше да се очекува. Играат навистина одлично на ова европско првенство. Се слушаме постојано со играчите. Ако Бог даде, им посакувам да играат полуфинале“ – изјави Игор Карачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА