ЕКИПА во Брест,
Томас Ѓоргиевски
Ракометарите на Вардар се максимално мотивирани да дојдат до триумф на денешниот дуел со Загреб (17.30 часот) и да обезбедат пласман во ново финале од СЕХА-лигата. Игор Карачиќ ќе има бројни дуели со своите сонародници, но верува дека „црвено-црните“ со фокусирана игра во нападот ќе стигнат до посакуваниот триумф. Воедно, Карачиќ имаше пофални зборови и за организацијата на Ф4, а се надева деќа далечното патување до Брест ќе биде крунисано со трофејот од СЕХА.
„Ние многу добро знаеме каков тим е Загреб и како играат одбрана. Ќе биде тешко да се пробие нивната тактика „пет еден“ со Вори напред. Доколку најдеме рецепт за тоа, ќе бидеме поуспешни во реалицазијата. Тоа го направивме во последниот меч во Скопје и извојувавме победа. Се надевам дека петтиот овосезонски дуел против загребчани ќе заврши во наша корист, со оглед на тоа дека на претходните четири завршивме со скор од 2-2. Сакаме да го подигнеме пехарот, тоа е неспорно, па ќе мора да дадеме се од себе. Можам да ја пофалам и организацијата околу турнирот и се надевам дека ќе го дочекаме тоа финале за да ги видиме завршните делови и на крајот сите заедно да се радуваме. Има разлика и во пристапот на сегашниот и поранешниот тренер. Агресивноста и мотивацијата на Вујовиќ му беше на првото место, а сега ќе видиме што мојот поранешен селектор Голужа има подготвено за нас“ – изјави Карачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА