Денеска во Битола ќе се игра фудбалски, а утре ракометен спектакл. Градот „диши“ во духот на спортот, со оглед дека за два дена во Битола ќе се играат два големи натпревари.
Денешниот на младите репрезентации на Македонија и на Италија, за првпат под рефлектори, како загревање за утрешниот ракометен почеток на Е.Пелистер во Лигата на шампионите, и дуелот против Загреб.
Играчот на Загреб, Игор Карачиќ, знае како е да се игра во Битола. Преку бројните настапи во Вардар, тој вели дека Битола е секогаш жежок терен, и за да се победи ќе мора да се даде повеќе од максиумум/
„Пресреќен сум што конечно доаѓа овој натпревар и што го завршивме подготвителниот период и што периодот на интензивни тренинзи е зад нас. Во среда започнува нашето европско патување, за кое се подготвувавме повеќе од еден месец и се надевам дека успешно ќе влеземе во него. Лично, јас сум многу мотивиран и сигурен сум дека тоа важи и за сите наши момчиња. Се надевам и верувам дека ќе приредиме добра претстава во Битолa и ако имаме среќа, тогаш би можеле да се вратиме во Загреб со насмевка. Мислам дека шансите се еднакви, тоа е многу жежок терен и навистина не е лесно да се игра во Битолa, го знам тоа бидејќи сум играл таму со години. За да се вратиме со посакуваниот резултат, секој играч ќе мора да биде на триста проценти. Во споредба со некои претходни години, мислам дека Пелистер е подобро избалансиран тим. Навистина ми се допаѓа како се структурирани, имаат мешавина од младост и искуство и мислам дека се добро покриени на сите позиции. Сепак, верувам дека нашиот тим има сè што има, а можеби и малку повеќе од тоа. Со голема желба, борбен дух и мотивација. Можеме да пружиме вистински отпор, а потоа, како што реков, со малку среќа можеме да освоиме бодови“, вели Карачиќ.
Тренерот на тимот Андрија Николиќ, рече дека е свесен за атмосферата која ги очекува.
„Знаеме дека нè очекува тежок натпревар, свесни сме и за атмосферата што ја создаваат нивните навивачи во таа сала и знаеме дека најголемиот можен предизвик е пред нас. Што се однесува до нивниот тим, треба да се каже дека имаат нов тренер кој воведе некои иновации и сега играат во неговиот систем, што значи доста длабоко. Сепак, скелетот остана ист, играат доста мирно и со долги напади. Ќе мораме ментално да бидеме подготвени за задачата да бидеме трпеливи со доста долги напади и секако да се обидеме да постигнеме што е можно повеќе лесни голови“, вели Николиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

