ЕКИПА во Брест,Томас Ѓоргиевски Вардар го загуби ланското финале од СЕХА-лигата од Веспрем, но „црвено-црните“ вечерва имаат шанса да му се реваншираат на унгарскиот гигант, па со освоен трофеј да се „загреат“ за претстојниот двомеч во Лигата на шампионите против Фленсбург. Игор Карачиќ смета дека двата тима премногу добро се познаваат за да може да има некое преголемо изненадување, но Вардар никако не смее да ги повтори грешките од ланското финале со истиот противник.„Ете, се случи повторно да играме финале со Веспрем. Во последните години одигравме премногу натпревари како во ЛШ, така и во СЕХА, можам да кажам дека го знаеме Веспрем „во душа“, исто како и тие нас. Верувам дека ова ќе биде убаво финале и секако, се надевам дека ние ќе победиме. Лани ние водевме 70% од финалето, но некои наши грешки ни се удрија од глава, па Веспрем ја освои титулата. Сепак, ние годинава сме и посилни и подобро подготвени, сакаме да го освоиме трофејот како увертира за дуелите со Фленсбург. Многу го посакуваме тој фајналфор турнир во Келн, но исто така и многу сакаме да ја освоиме оваа титула, да покажеме дека сме најсериозен тим во овој регион“ – истакна Карачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА