Игор Карачиќ како еден од играчите со најдолг стаж во Вардар воедно беше и најголем оптимист во таборот на „црвено-црните“. Сите потајно се надеваа, но хрватскиот бек јавно изјавуваше дека „се му мириса на 2017 година“ кога Вардар за првпат се искачи на тронот на ракометна Европа.
Вербата беше толку голема што и покрај болеста (висока температура неколку дена пред Ф4) и повредата, тој го даде максимумот и има значаен придонес за освоената круна.
„Барселона беше голем фаворит, а ние дојдовме во Келн за да уживаме, да танцуваме на теренот. Уште не можам да објаснам што се случи во тоа второ полувреме, но најважно е што на крајот ние бевме тие што се радувавме. А финалето? Тоа ми беше најубав ден во животот. Не сакам да издвојувам никого, сите ракометари беа херои, напишавме сценарио за холивудски филм“ – истакна Карачиќ.
Тоа воедно беше и последен меч за хрватскиот ас во дресот на Вардар, негова следна дестинација ќе биде полскиот првак Кјелце.
„Се надевам дека Полска ми беше правилен избор. Знам дека Кјелце е врвен клуб, познавам неколку ракометари, а имам и сличен темперамент со тренерот Талант Душебајев. Наскоро ќе почнам да учам полски јазик, за што побрзо да се адаптирам во новата средина“ – порача Игор Карачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА