ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Македонскиот ракометен првак Вардар ќе ја брани титулата во СЕХА – лигата, откако во полуфиналето во Брест го елиминира домашниот Мешков. Против себе, како што вели Игор Карачиќ, ги имаше буквално сите, и судиите кои со неколку чудни одлуки го вратија во живот белорускиот тим, но на крајот сепак успеа да победи.
„Не сакам да зборувам, многу работи ќе останат во нашата соблекувална, но игравме буквално против сите. И на крајот повторно победивме. Сега не очекува финале против Загреб, овојпат на неутрален терен, откако ги елиминиравме во Лигата на шампионите. Но, нема да биде лесно, тие сега играат побрз ракомет и ќе треба да дадеме се од себе за да го одбраниме трофејот“, изјави Игор Карачиќ.
Тој доби и непријатен удар во лицето, има расекотина на усните, но сепак, вели дека ќе биде дел од утрешното финале на Ф4 во Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА