Игор Карачиќ периодов го минува во Скопје и е во очекување на разврската околу неговата судбина во Киелце откако беше објавено дека клубот го загуби спонзорот и можеби ќе треба да ги продава најдобрите ракометари. Прва опција за Хрватот, ако биде ослободен од полскиот тим е нашиот Вардар.
Карачиќ во Вардар мина осум години, си замина поради сериозната финансиска криза, а постојано повторува дека би се вратил во Македонија каде што и би живеел со партнерката која ја побара за сопруга.
Карачиќ денеска објави фотографија од тренинг на отворено со еден од колегите со кој најдолго соработуваше во Вардар, Тимур Дибиров. Долгогодишните навики тешко се бришат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА