Карачиќ по потписот за Загреб: Парите не беа приоритет во изборот…

Долгогодишниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, го комплетираше трансферот во Загреб откако денеска и официјално потпиша двогодишен договор со актуелниот првак на Хрватска.

Карачиќ на 36 години се наоѓа на залезот на кариерата, беше поврзуван и со директорска функција во Вардар, но Хрватот сепак реши да не замине предвреме во ракометна пензија.

„Среќенн сум и горд што ми се укажа можност да ги бранам боите на Загреб во следните две години. Имав повеќе опции, но парите не ми беа приоритет во овој избор. Ќе останам дел од Лигата на Шампионите, ќе бидам дел од голем бренд, како што претходно беа и Киелце и Вардар во мојата кариера. Се уште има „динамит“ во мене, мојот однос кон ракометот е повеќе од професионализам, го почитувам она што го работам. Амбициите ми се високи, ме тераат да сонувам и никогаш нема да престанам со таквиот пристап“, истакна Карачиќ на промоцијата во новиот клуб.

Се вчитува...