ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Игор Карачиќ одигра извонреден натпревр, а при постигнувањето на голот за прво водство за Вардар против Барселона хрватскиот бек заработи незгодна поведа.
„Почувствував болка во листот и претходно, но при тој шут останав да лежам. Болката беше голема, но ќе одиме на детални прегледи, да видиме што ќе се случи. Ако има и најмала шанса, ќе играм на финалето“ – истакна Карачиќ.
Хрватот се осврна и на неверојатното второ полувреме и големиот пресврт.
„Одиграа одлично во првото полувреме, но ние покажавме карактер и успеавме да се вратиме. Благодарност до сите што ни даваат поддршка во овој период, да не се повторуваме за сите проблеми со кои се соочуваме. Покажавме и квалитет и карактер и го победивме моќниот противник. Се фалеа „Ние сме Барса“ како нивни слоган, епа „Ние сме Вардар“ и сите видоа што значи тоа. На ред е Веспрем, тим што како и Баселона е преполн со врвни ракометари, но ќе сториме се за да стигнеме до трофејот“ – порача хрватскиот ас во дресот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА