Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, е незадоволен од новиот формат на Лигата на шампионите поради противниците со кои тимот ќе игра во плејофот.
Минатата сезона, Ливерпул заврши на првото место во генералниот пласман и директно се пласираше во осминафиналето, каде што беше елиминиран од ПСЖ (1-0, 0-1, пенали – 1-4). Оваа сезона, „Црвените“ завршија на третото место и исто така обезбедија место во осминафиналето, каде што ќе се соочат со некој од клубовите Клуб Бриж, Галатасарај, Јувентус или Атлетико Мадрид.
„Ги разгледав потенцијалните противници на Ливерпул и искрено, ми е доста од овој нов формат! Завршивме први минатата сезона и го добивме ПСЖ, сега сме трети, и само слушајте нè нас – Атлетико, Клуб Бриж , Галатасарај, Јувентус. И ние сме тие што завршија трети. Ако завршиш толку високо на табелата, не можеш да добиеш противници како Атлетико Мадрид или Јувентус“, изјави Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

