Кристијано Роналдо се наоѓа во разочарувачка ситуација откако никако не успеа да договори нов клуб во кој ќе ја продолжи кариерата. Португалецот ги пропушти и подготовките на Манчестер Јунајтед поради обидите да си замине од „Олд Трафорд“, но како што сега стојат работите тој ќе остане затоа што не пронајде адекватна понуда.
Роналдо одигра едно полвуреме против Рајо Ваљекано и не се прослави, беше најслаб на теренот, а Тен Хаг го замени на полувреме. Португалецот потоа одлучи да си замине од натпреварот пред крајот на мечот.
Џејми Карагер сега истакна дека за него оваа ситуација во која дојде Роналдо не е изненадување
„За мене од почетокот Роналдо беше бизарно засилување. Очекував да дојде до ваква ситуација, дури и кога играше одлично за Јунајтед. Потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една, но никогаш не верував дека ќе ја одигра втората сезона. Добро знаеме каков фудбалер е тој, но во тие години не е истиот играч. Неговата кариера трае толку долго само затоа што е професионалец. Сепак тоа што тој наполни 37,38 години оваа сезона ги менува работите. Одличен голгетер, меѓутоа не е истиот играч. Во овој момент не го сака ниту Тен Хаг, а и ниту еден клуб во Европа. Можеби сум грешка, но мислам дека е така“, изјави Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

