Карагер распали по Салах: Тој го фрли клубот под автобус

Долгогодишниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека единствениот виновник за кризата што ги тресе „црвените“ е Мохамед Салах.

„Фараонот“ не е задоволен од драстично помалата минутажа во последно време, па затоа реши да ја отвори душата и не штедеше зборови кога стануваше збор за шампионот на Англија, особено за тренерот Арне Слот.

„Мислам дека она што го направи по натпреварот е срамно. Секогаш кога Мо Салах ќе застане во микс-зоната, што го направи четири пати за осум години, се планира меѓу него и неговиот агент да се направи максимална штета и да се зајакне неговата позиција. Тој чекаше лош резултат и го избра тој момент да го нападне менаџерот. Реченицата што најмногу ја објаснува ситуацијата е дека тој го фрли клубот „под автобус“. Тој се обиде да го фрли клубот под автобус двапати во последните 12 месеци – заедно со менаџерот, во време кога треба да направи сè што може за да му помогне на клубот да се справи со најлошата серија резултати од 1950“, изјави Карагер. 

Се вчитува...