Карагер се шегува со Челси: Бојли сака да ги купи сите играчи на Дортмунд

Поранешниот англиски репрезентативец и член на Ливерпул, а сега стручен коментатор Џејми Карагер, се шегуваше на сметка на газдата на Челси, Тод Бојли откако неговата екипа загуби од Борусија Дортмунд со 1-0 во првата осминафинална пресметка одиграна на „Вестфален“.

Тој кажа дека Бојли сега сакал да ги купи сите играчи на Дортмунд.

„Најнова вест! Тод Бојли сака да ја купи целата екипа на Борусија Дортмунд“, рече Карагер во студио, и ги насмеа Тиери Анри и Мика Ричардс, исто така поранешни фудбалери.

Карагер се шегуваше на стотиците милиони евра потрошени од Челси во овој преоден рок, откако Бојли го презеде клубот од Роман Абрамович.

Челси оваа сезона потроши 611 милиони евра за нови играчи. Најскап играч беше Енцо Фернандес, воедно најдобар млад играч на минатиот Мундијал во Катар.

Се вчитува...