Карагер: УЕФА навива за Реал за да не се случи „циркус“

Англискиот шампион Манчестер Сити е во големи проблеми откако УЕФА му додели суспензија од две години за настап во Лигата на шампионите. Сепак, сезонава тие се уште се дел од елитното натпреварување, а за противник во осминафиналната фаза ќе го имаат најтрофејниот тим во натпреварувањето, Реал Мадрид. Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер вели дека УЕФА е на страна на Реал, бидејќи освојувањето на ЛШ од страна на Сити ќе доведе до голем циркус.

„УЕФА се ќе даде за Реал да ги исфрли Манчестер Сити. Не можам да верувам дека веднаш не ги исфрлија од натпреварувањето. Ќе биде „циркус“ доколку некако Сити ја освои ЛШ сезонава. На Гвардиола сите ќе му говорат дека го освоил трофејот со мамење и ќе му го намалат успехот кој сам по себе би бил фантастичен“, изјави Карагер. 

Првиот натпревар од осминафиналната пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се одигра следната недела на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...