Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е многу блиску да замине од „Олд Трафорд“. Наводно Португалецот не е задоволен од ситуацијата во Јунајтед, затоа што не се чувствува дека клубот е амбициозен.
Јунајтед во следната сезона нема да игра во Лигата на Европа, а од 2003 година никогаш не пропуштил да игра во тоа натпреварување. Неговиот агент Мендеш веќе наводно испитувал опции за својот клиент, и преговарал со Баерн Минхен.
Сето тоа го коментираше прославениот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер.
„Роналдо во Јунајтед го направи она што го очекував. Постигнуваше голови, но со него екипата беше полоша. Ова барање за трансфер апсолутно ја убива тезата дека го одбил Сити поради љубов кон Јунајтед“, рече Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

