Челси денеска би требало да комплетира уште еден трансфер, откако „сините“ конечно постигнаа договор со Атлетико Мадрид за Жоао Феликс. Португалецот кој предминатата сезона беше на позајмица на „Стемфорд бриџ“ во 2023/24 беше во Барселона, но ниту таму не импресионираше премногу, па каталонците одбија да го откупат неговиот договор со Атлетико Мадрид.
Тод Боели е познат по фрлање пари во ветер на нови засилувања, па сега газдата на Челси ќе плати 50 милиони евра за Феликс, трансфер што повторно предизвика бура од критики кон лондонскиот клуб. Најгласен беше Џејми Карагер, кој го критикуваше Челси, но и самиот фудбалер што прифатил ваков трансфер.
„Челси мора да престане да купува фудбалери, исто како што фудбалерите мора да престанат да потпишуваат за Челси. Ако се уште бев активен играч, ќе го видев проектот и ќе знаев дали и зошто да потпишам. Сега кога го гледам овој клуб, не гледам друга причина освен агентот да ме убедува – договор на седум години, многу пари, загарантирани. Не разбирам зошто играчите воопшто потпишуваат на седум години, толку многу работи може да се случат во овој период. Не го разбирам Феликс, што размислува, па каде ќе игра. Челси го потпиша Нето пред една година. И го има Кол Палмер, кој беше главен играч лани. Жоао Феликс доаѓа за да се бори за место со Нкунку. Кога јас играв, тимот секогаш имаше седум-осум фудбалери кои беа стандардни првотимци, а останатите се бореа да добијат шанса. За што ќе се бори Феликс? можеби за место во соблекувалната… Сериозен сум, имаат 40 фудбалери во првиот тим и купуваат нови и нови, па овие кои ги имаат ќе немаат каде да се пресоблечат“, критичен е Џејми Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА