Никола Караколев си обезбеди место во историјата на македонскиот кошаркарски шампионат откако искусниот ас на Кожув стана само четврти играч кој остварил трипл-дабл на еден натпревар од елитното друштво од нашата земја.
Караколев одигра импресивен меч против Вардар, за 34 минути реализирајќи 15 поени, надополнети со 10 скока и 10 асистенции. Со тоа, овој кошаркар му се приклучи на капитенот на Блокотехна, Горан Главчев, кој лани имаше вакво остварување, како и на Тони Симиќ и на Горан Самарџиев како играчи кои претходно стигнувале до трипл-дабл.
Кожув славеше на дуелот против Вардар со 91-82, стигнувајќи до нови значајни бодови во трката за влез во Супер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА