Караламбус: Моја е вината за поразот, голманот не спаси и од катастрофа

Тренерот на ФЦСБ, Елиас Караламбус, видно разочаран на официјалната прес-конференција по поразот од Шкендија (1-0) во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите, ја прифати вината за поразот истакнувајќи дека некои нешта ќе мора да се променат за реваншот ако се сака конечен успех.

„Одигравме навистина лош натпревар. И во првото коло загубивме на гостувањето во Андора и сега ни се повторува истото. Едноствано не сме добри. Единствено добро е што имавме расположен голман кој не спаси и од поубедлив пораз“ – рече Караламбус, и додаде:

„Им честитам на Шкендија за навистина заслужената победа. Вината за поразот е моја, и ќе мора да ги согледаме сите грешки, и од тактички аспект, за да дојдеме до победа во Букурешт. Апсолутно не го потценивме противникот, влеговме мотивирани. Шкендија не е наивна екипа, и затоа ќе бидеме максимално сериозни за седум дена“.

Се вчитува...