Ерменскиот клуб Пјуник беше еден од најтешките ривали што можеше да му се падне на Шкупи во квалификациите за Лигата на Европа, но денешната ждрепка не му беше наклонета на македонскиот прволигаш. Пјуник лани го исфрли Вардар од европските купови, а овој клуб во историјата има 14 титули првак на Ерменија и девет трофеи во купот на оваа земја.
Без оглед на тоа, тренерот на Шкупи, Умит Каран, е оптимист дека неговиот тим ќе се покаже во добро светло на претстојниот двомеч.
„Се среќаваме со тим што често игра квалификации, еднаш беше и на чекор до Лигата на шампионите. Станува збор за силна екипа, која лани го елиминираше Вардар. Ние добро ќе се подготвиме и ќе влеземе во двомечот, па ќе видиме што ќе се случи. Во следните денови ќе собереме и поконкретни информации, верувам во мојот тим, дека можеме да го изненадиме Пјуник и да се пласираме во следната рунда“ – изјави Умит Каран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА