Караница меѓу играчите на Реал во соблекувалната – Модриќ во преден план, и Анчелоти имал свој коментар!

Реал Мадрид доживеа големо разочарување со синоќешниот пораз од Барселона во финалето на Копа дел реј. Решавачкиот момент се случи во 115. минута кога Жил Кунде, по грешка на Лука Модриќ, ја затресе мрежата на Тибо Куртоа, па им го донесе вториот трофеј во сезоната на играчите на Барселона.

По натпреварот кој се одигра во Севилја, како што пренесуваат шпанските медуми, имало расправија меѓу играчите на Реал Мадрид во соблекувалната, во која во главна улога биле Лука Модриќ и Брахим Дијаз.

„Мора да бидеш побрз и да се насочиш кон таа топка“ – му се обратил нервозно Модриќ на Дијаз кој одговорил: „Кога се обидов да реагирам, тој веќе ме фати на контра“.

Понатамошна расправија на двајцата спречиле неколку соиграчи кои потенцирале дека не е момент за такви меѓусебни дофрлања.

На прес-конференцијата по финалето, и Анчелоти се осврна на контроверзната ситуација меѓу Модриќ и Брахим што доведе до голот на Барселона.

„Брахим мислеше дека Лука ќе му додаде топка зад грб, но му даде ниска топка… Тоа се мали детали кои понекогаш не значат ништо, а понекогаш ве чинат скапо. Ме боли што не го освоивме Купот, но немам за што да се жалам на тимот, одигравме како што сакавме“ – рече Анчелоти.

Се вчитува...