Караница во Севилја, Иско е најголемата „жртва“

„Пукна љубовта“ меѓу искусниот шпански фудбалер Иско и Севилја, само неколку месеци откако двете страни се договорија на соработка до 2024 година.

Шпанските медиуми не ги објавуваат причините, туку само дека играчот од средниот ред ќе стане слободен агент после нешто повеќе од четири месеци соработка. Исто така „Марка“ шпекулира дека наводно работите тргнале надолу за Иско по отказот на Лопетеги од клупата, а пред неколку дена шпанскиот фудбалер имал караница со спортскиот директор Мончи кога наводно после само 10 минути изнервиран го напуштил тренингот на тимот.

Иско дојоде во Севилја како слободен агент од Реал Мадрид, каде настапуваше цели девет години, и со „кралевите“ освои се што можеше да се освои.

Сега се шпекулира дека играчот ќе продолжи во Бетис, а можен е трансфер и во Рома.

Се вчитува...