Карановиќ: Ги одложивме авионските билети за Скопје, чекаме осминафинале

ЕКИПА во Љубљана, 

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Генералниот секретар на одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ верува дека нашите одбојкари ќе се пласираат во осминафиналето, бидејќи федерацијата веќе ги одложила авионските билети за враќање во Скопје.

„Ги одложивме авионските билети за враќање во Скопје. Чекаме и се надеваме на пласман во осминафинале и да одиме во Франција. Фантастичен триумф над Словенија, мислам дека клучен беше сетот против Русија кога репрезентацијата се разбуди. Сега да играме против Русија, можеби и ќе победиме. Ех, да се разбудевме порано. Сега ќе гледаме и ќе навиваме за нашата “математика”, изјави Карановиќ.

Доколку Белорусија ја победи Турција, Македонија уште вечерва е патник во осминафиналето.

 

 

Се вчитува...