Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Јаник Караско, се наоѓа пред трансфер во Кина. Второлигашки клуб од оваа земја, Далијан јифанг, е подготвен да плати 50 милиони евра за да го доведе Караско во своите редови на почетокот од новата сезона.
Преговорите се во тек, а сега се работи за сериозна заинтересираност на Далијан говори и фактот дека Караско е изоставен од списокот на Диего Симеоне за денешниот реванш натпревар против Копенхаген во Лигата на Европа.
Белгискиот интернационалец оваа сезона не добива голема минутажа во тимот на Атлетико Мадрид, па оттаму и неговата желба да си замине, иако има актуелен договор со клубот до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА