Белгискиот интернационалец Јаник Караско ја надмина повредата на рамото и го одработи комплетно вечерашниот тренинг на „Сантијаго Бернабеу“ во пресрет на утрешниот прв полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тој влезе во составот на Диего Симеоне, а тренерот во текот на утрешниот ден ќе одлучи дали ќе добие и место меѓу првите единаесетмина. Караско го повреди рамото на мечот против Вилјареал на „Висенте Калдерон“.
Симеоне има многу поголеми проблеми во одбраната. Критична е десната бековска позиција со оглед дека повредени се и Хуанфран и Шиме Вршаљко. Исто така, поради повреда ќе отсуствува и централниот дефанзивец Хименез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА